Cortana од Halo ќе биде гласот на говорниот асистент на Microsoft

Пред еден месец Microsoft најави дека работи на својот говорен асистент налик на Siri на Apple, кој ќе се вика Cortana, Освен името кое го споделува со женскиот лик од Halo серијалот, апликацијата ќе го дели и гласот на актерката Џен Тејлор, јавува MSTF. Слично како и Cortana во Halo која е AI придружник на главниот карактер, компанијата се надева дека и гласовниот асистен ќе стане придружник на корисниците на Windows Phone.

Засега остануваат непознати детали за говорниот асистент освен дека може да ја очекуваме Cortana во првата половина на 2014 година, најверојатно во април, покрај Windows Phone, Cortana ќе биде присутна и на iPhone преку Bing aпликацијата, која ќе биде достапна есента. Ќе биде интересно да видиме како корисницте на Windows Phone, ќе бидат задоволни од Cortana и каква ќе биде споредбата со Siri и Google Now.

[youtube]ACvIxGpzGs8[/youtube]

1 коментар на “Cortana од Halo ќе биде гласот на говорниот асистент на Microsoft

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии