Cortana на Microsoft ги предвиде победниците на осминафиналето на Светското првенство во Бразил

Гласовниот асистент на Microsoft, Cortana, ги погоди сите победници на осминафиналните натпревари на Светското фудбалско првенство во Бризил, јави Verge. Cortana ги предвиде победите на Бразил, Колумбија, Франција, Германија, Холандија, Костарика, Аргентина и Белгија, па со нетрпение ќе ги очекуваме четвртфиналните натпревари, кои сепак се поголем предизвик.

Предвидувањата се базираат на повеќе податоци, а се базирани на Bing Prediction енџинот. Дел од податоците се претходниот однос на победи, нерешени и порази; гол разликата на натпреварите; дали тимот игра на домашен терен (Бразил) или е во близина (репрезентациите од Јужна Америка); подологата на која се игра натпреварот; временските услови во кои се одвива натпреварот и други слични податоци. Предвидувањата се одржаа и за групната фаза, а дел од резултатите не излегоа како што предвиде Cortana, која на Шпанија и предвиде три победи.

Енџинот на Bing се користи и за предвидувањето на победникот на неколку телевизиски шоуа во САД како: Voice, Dancing With the Stars или American Idol. Но. тука податоците на кои се базира предвидувањето се различни.

7 коментари на “Cortana на Microsoft ги предвиде победниците на осминафиналето на Светското првенство во Бразил

  1. И не е само тоа :
    Гласовниот асистенот на Microsoft,

    Дејан дај бе прочитај си го текстот пред да го објавиш

  2. И не е само тоа :
    Гласовниот асистенот на Microsoft,

    Дејан дај бе прочитај си го текстот пред да го објавиш

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии