Cortana и Alexa ќе може да разменуваат информации

Дејан Соколоски

во Вести

Гласовните асистенти на Microsoft и Amazon, Cortana и Alexa сега ќе можат да разменуваат информации. Веста ја објавија директорите на двете компании, Џеф Безос и Сатја Надела.

„Светот е голем и разновиден. Ќе има повеќе интелегентни агенти, секој со пристап до различни податоци и области на специјализација. Заедно, нивната моќ ќе биде да се надополнуваат и да им овозможат на корисниците покорисно искуство“, вели Џеф Безос.

Токму тоа и е целта на ова партнерство. Корисниците преку Alexa, ќе можат да ги користат функциите на Cortana и обратно. Пример, со помош на календарот Cortana ќе ги потсети корисниците да ги подигнат авионските билети. Cortana преку Alexa ќе може да управува со паметниот дом.

„Најважно е да им обезбедиме на корисниците Cortana да биде достапна насекаде и на сите уреди. Обезбедувањето на знаењето на Cortana, интеграцијата на Office 365, обврските и потсетниците на Alexa се одличен чекор во оваа насока“, вели г. Надела.

Двете компании имаат различни интереси со своите гласовни асистенти, па затоа и партнерството би можело да успее. Cortana се обидува да им помогне на корисниците да бидат продуктивни, а Alexa е насочена кон трговија и забава, вели TechCrunch. Предност е и што двата асистенти се на сосем различни платформи па нема опасност од преклопување.

Image courtesy of Steve Jurvetson / Flickr CC BY 2. 0 -https://www.flickr.com/photos/jurvetson/5129303018/

Г. Безос и г. Сатела велат дека се отворени за соработка и со Google и со Apple. Но, вакво партнерство засега не изгледа веројатно, Google и Apple се на конкуренти оперативни системи, иако индивидални парнтерства можеби се остварливи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии