Copiliot e aлатка креирана од Microsoft и Open A.I. која им помага на програмерите во пишувањето код

Ова лето Microsoft (преку GitHub) и Open A.I. ќе претстават алатка која ќе го олесни пишувањето код. GitHub Copilot ќе им помага на програмерите со предлози на линии код или цели функции.

Github Copilot е дел од Visual Studio Code едиторот и во текот на пишувањето го анализира кодот кој е напишан и дава предлози во зависност од ова. Алатката е најкорисна кога треба да му помогне на програмерот кој користи некоја библиотека која не му е доволно позната. Copilot ќе му даде можност да прегледа повеќе различни сугестии и да ја одбере таа која му изгледа најсоодветна. Ова може да се спореди со барање совети или разговор на два програмери кои разгледуваат еден код, но во случајот едниот програмер е вештачка интелигенција.

Алатката ќе помага за сите програмски јазици, но најдобро работи со JavaScript, Python, TypeScript, Ruby и Go. Покрај овие програмски јазици, разбира десетици други јазици и може да му помогне на девелоперот да пронајде решение за речиси сѐ што му потребно.

GitHub Copilot е трениран на милијарди редови јавен код. Креиран е во соработка на GitHub и OpenAI, а се базира на OpenAI Codex.

„OpenAi Codex има широко познавање за тоа како луѓето користат код и е значително понапреден од GPT-3 за генерирање на код, причина за ова е бидејќи е трениран на значително поголем сет на податоци кои вклучува многу поголема концентрација на јавно достапен сорс код“, пишува Нет Фридман на блогот на GitHub.

Copilot не само што е најнапредна алатка за генерирање на код во моментов, поради начинот на кој е креиран ќе станува подобар колку повеќе се користи. Ова се однесува на начинот на кој програмерот одбира кој код ќе го имплементира во софтверот кој го развива, но и на зголемување на податоците кои се достапни за тренинг на вештачката интелигенција.

Microsoft го купи GitHub во 2018 година, а во 2019 година инвестираше 1 милијарда долари во Open AI, а OpenAI оттогаш се префрли ексклузивно на Azure.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии