Кое е подобро глувче? Ги споредивме Cooler Master Storm Sentinel Z3RO-G и Corsair Vengeance M90

Кога станува збор за периферни уреди, никако не смее да се изостави важноста на глувчињата. Доколку сте гејмер или едноставно сакате да уживате во некоја добра игра, веќе сигурно имате одличен глушец кој ви одговара на навиките. Доколку се уште се двоумите околу изборот на гејмерско глувче, ви подготвивме кратка споредба на два одлични уреди со одличен дизајн и перформанси произведени од два гејминг гиганти. Ги тестиравме и сега ги сумираме резултатите од споредбата на Cooler Master Storm Sentinel Z3RO-G и Corsair Vengeance M90.

Спецификации

Cooler Master Storm Sentinel Z3RO-G

Пакување

Cooler Master Storm Sentinel Z3RO-G се испорачува во мала картонска кутија во препознатлив STORM стил. Од надворешна страна има слика од самиот производ и најосновните карактеристики на производот. Со отварањето на предната страница, која е изработена во вид на прозорец се гледа глувчето од десната страна и детален опис на сите физички видливи делови на уредот на левиот поклопец. Целиот овој убаво спакуван комплет содржи: CD со драјвери и софтвер, деталено упатство за користење, резервни „нозе“ како и регистрациски код за играта Shattered Horizon што доаѓа како бонус.

Изглед и функционалност

Со прв контакт со глувчето добивате впечаток дека станува збор за квалитетен производ со внимателно одбрани материјали за изработка. Пластиката е квалитетна со малку груба површина, со што се намалува веројатноста за појава на лизгање при користење.

Комплетната надворешна изведба е од пластика со асиметрична форма. Од левата страна се наоѓа блага заобленост за раката, како и две програмабилни копчиња изработени од гума кои многу лесно се притискаат. Од десната страна нема ништо невообичаено. И двете страни се направени од темно сива пластика која се разликува од горниот дел со главните копчиња кој е изработен во црната и метална решетка.

Двете главни копчиња имаа доволно голема површина, и се лесни и нечујни при притискање. Измеѓу две главни копчиња се наоѓа копчето за промена на светлина за кое ќе морате да ја подигнете цела дланка за да го притиснете, двете копчиња за промена на DPI кои регулираат чуствителност по x/y оските и истите можат да се подесуваат и одделно. Има програмирано 5 пара на чуствителност кои се менуваат по потреба, и скролот кој е изработен од мека гума со попречни жлебови кои го прават полесен за користење.

На средина на горната површина е сместен OLED дисплеј кој прикажува информации за одбраниот профил и чувствителноста на сензорот. За оние кои имаат поголеми побарувања, преку софтверот може да ставите ваша слика, слика од лого, или било што, што би се прикажувало на дисплејот. Сликата ќе биде прикажана во монохроматски мод и ограничена на 32×32 пиксели. Околу OLED дисплејот има украсна мрежичка која свети во завосност од избраната боја од неколкуте дозволени.

Во предниот дел од глувчето има две прозорчиња во вид на фарови од кола. Тие светат во зависност од избраниот профил, или трепкаат доколу го задржите левиот клик подолго од 2 сек… но тоа е се препуштено на вашата имагинација. На долната страна може да се најдат 4 различни по форма „нозе“ на кои глувчето лизга, ти се менливи и доаѓаат со самото пакување. Нешто поблиску до средина се наоѓа ласер-сензорот, а на самиот крај се наоѓа делот за менување на тежината на глувчето. Тука се сместени 5 тегови од 4.5g. Можеби теговите се премногу блиску еден до друг и распоредувањето на тежината не е насекаде иста, но како и да е присуството на менлива тежина е секогаш добредојдена.

Материјалите од кои е изработен се со одличен квалитет, не крцка дури и при екстремни услови. Од корисници имаме информација дека дури и при неколку годишна работа истиот останува во првобитна форма без физички промени на изгледот. Глувчето работи на USB 2.0 со позлатен приклучок.

 Софтвер

Пропратниот софтвер кој доаѓа со глувчето има можност за промена на функциите и профилите на маусот, Поделен на 7 табови: Main control, Colour control, Storm tactics, Macro, Script, Library и Support/update. Нема да се задржиме многу на софтверот, од прикажаната слика можете да видите дека има од основни подесувања на глувчето, па се до макро режим на работи и скрипти. Комплетниот софтвер е многу лесен за работа со само еден клик на OK можете да ја почуствувате разликата која е направена од зададените промени…со еден збор софтверот заслужува пофалба.

 Импресии

Cooler Master Storm Sentinel Z3RO-G ни остави многу позитивен впечаток. Добар дизајн и квалитетни материјали, како и удобна и пријатна употреба и чуствителност. Одлично гејмерско оружје кои е дизајнирано за средна големина на дланка, деца ќе имаат проблем со управување и совладување на истиот. Можеме да забележиме од тестирањето дека глувчето многу ја поти раката. Иако овој фактор е индивидуална работа, сепак може да се забележи неговото присуство. На практичните тестови може да забележиме дека 5600DPI се повеќе од реални. Може да се справи во многу ситуации. Флексибилноста на леснотијата за поставување за чуствителност се невероватни, за помалку од секунда можете да ги одберете саканите вредности и да почнете со работа или играње.

Позитивно

  • Релативно ниска цена на глувчетп од овој ранг.
  • Oдличен „фенси“ изглед.
  • Двоја ласерска висока резолуција 5600 DPI.
  • Вградена меморија во која се зачувуваа 5-те профили.
  • Прилагодлива тежина.
  • Вграден OLED диспеј.

Негативно

  • Потење во реце (индивидуално).
  • теговите се сместени само во задниот дел на глувчето.
  • Масовноста го прави недостапен за сите големини на дланки.

Corsair Vengeance M90

Пакување

Vengeance M90 се испорачува во запечатена пластична кутија. Не толку дизајнерски изведена како Sentinel Z3RO-G, но овој минималстички пакет е конструиран на максимална заштита на производот и целосно прегледен за да се види пред да се купи. На кутијата е испишано само модел и кратки карактеристики на задната страна. Во поглед на опременост е далеку поскромен во однос на Sentinel Z3RO-G. Во пакувањето има само упатство за корстење и гарантен лист. Пропратниот софтвер како и драјверите треба да се симнат од нивниот официјален сајт.

Изглед и функционалност

На прв поглед ќе ќе приметите дека целиот глушец е обложен со црна мат пластика која ја покрива алуминиумската база. Од десната страна ima направена рапава текстура така што прстите не се лизгаа, а се стеснува за подобро позиционирање на прстите. Од левата страна се наоѓаат сите програмабилни копчиња, 15 на број, распоредени на тој начин сите да бидат лесно дофатливи без мрдање на дланката. Изработени од мека гума и меки на притискање. Тука се наоѓаат и 6-те минијатурни лед-диоди кои всушност се индикатори за профилите на работа.

На горната страна се наоѓаат стандардните две главни копчиња кои не се физички одвоени, туку се покриени со горниот капак. Нежни на допир и скоро безчујни. На горниот лев агол се наоѓаат две копчиња со стрелки кои всушност се регулатори за DPI. Измеѓу двете главни копчиња се наоѓа скролот кој е попречно засечен за полесна употреба. На самиот врв на горниот дел се наоѓа уште едно копче преку кое се регулира осветленоста на маусот.

На задниот дел од горната површина стои логото на Corsair кои е осветлено со позадинска амбиент бела боја.

Долната страна е целосно алуминиумска со 4-тефлонски нозе. Изоставени се дополнителните тегови, но и без нив глувчето ја има идеалната тежина. На средината на долниот дел се наоѓа ласерскиот сензор, кој е вдлабнат во алуминиумската база. Дизајнот на глувчето може слободно да се каже дека е интересен и уникатен. Прво поради алуминиумската рамка, второ поради мекиот финиш. Нас не освои со малите димензии и футуристичкиот изглед. Со овој маус нема да имаат проблеми да работат ниту деца ниту луѓе со големи дланки. Работи на USB 3.0.

Софтвер

Софтверот не е вклучен во пакетот, па затоа ќе мора да го симнете од официјалната страна на производителот. Сите подесувања се поделени во 3 таба: Assign Buttons, Мenage Performance и Menage Profile. Како кај претходниот модел, така и овде нема да се задржуваме на софтверот, туку ќе ги кажеме само најважните работи што треба да се знаат. Организацијата на подесувања е доста непријатна, со што доколлку го користите скролот на глувчето можете на пример да го исклучите осветлувањето на глувчето или слично. Сите подесувања околу профилите (6 на број) се зачувуваат во меморијата со што префрлањето од еден на друг се врши само со еден клик на странично копче.

Импресии

Импресионирани во целост од функционалноста на овој глушец. Целната група се гејмерите и ќе ги задоволи сите нивни потреби. За многу краток рок можете да се навикнете на уредот и да ви „легне“ на рака. Сензорот ADNS-9500 LaserStream е прецизен и постојано ги следи вашите движења, а допирните делови со површината се прилагодени да беспрекорно функционира на секаков вид подлога. Led осветлувањето не е нападно и нема да ви го одвлекува вниманието, поставено е да изгледа стилски. Притискањето на сите копчиња е исто како да куцате на тастатура, можеби недостаток е што нема визуелна идентификација и ќе ви треба време да научите кое копче за што беше. Има и доволно меморија која може да запомни и до 50 најразлични профили, податок кој ќе ги израдува хардкор гејмерите.

Позитивно

  • Добра цена.
  • 15 програмабилни копчиња.
  • Голема прецизност.
  • Алуминиумска рамка која му дава футуристички изглед и елеганција.
  • Вградена меморија.
  • Димензии прилагодливи за секого.

Негативно

  • Тешко глувче без можност за прилагодување на истата.
  • Нема визуелна идентификација на копчињата.

Споредба и тест на моделите

И покрај тоа што намената им е иста (гејминг), двете глувчиња се сосема различни. Двата производители држеле до своето и во однос на перформанси изгубиле на изгледот, или пак го фаворизираат изгледот пред перформансите. Глувчињата се различни по големина. M90-та е далеку помал и по практичен за користење. Разликата е цели 2CM во должина што воопшто не е занемарлива бројка.

Во висина Z3RO-G е повисок за помалку од 1 cm од неговиот конкурент.

Двете глувчиња имаат добро организација (slave) и должина на кабел.

Тест направивме на BF3 и на Photoshop CS5. Во играта немаше голема разлика помеѓу нив, кога е во прашање чуствителноста. Двата беа сетирани со ист профил на работа и на иста подлога. Во Photoshop CS5 дојдоа до израз оние 100 DPI во прилог на Vengeance M90, Поголема прецизност при работа со стини детали.

Заклучок

Доколку сте гејмер и сè уште не сте се одлучиле коe глувче  да го земете, се надеваме дека овој текст ќе ви биде од некаква корист. Бидејќи се работи за два извонредни продукти на познати гиганти нема сомнение околу квалитетот на истите, се се сведува на вкусови. Ние нема да ви дадеме препорака кој уред да го земете, бидејќи се работи за вкусови, а за вкусови не се коментира. Ќе го изнесеме само она што нас повеќе ни се допадна за време на тестирањето. Доколку би требале да се одлучиме помеѓу овие две глувчиња, нашиот избор би паднал на Corsair Vengeance M90… само поради изгледот…

Продуктите за тест ни ги отстапија СЕТ компјутери, кои се овластени увозници на двата бренда.

3 коментари на “Кое е подобро глувче? Ги споредивме Cooler Master Storm Sentinel Z3RO-G и Corsair Vengeance M90

  1. Имам ACME mouse веќе 5 години.. купен за 200 денари.. сто пати паднат.. работи на секаква можна површина.. НЕУНИШТИВ! :))))

  2. Niti edniot niti drugiot e dobar… pogotovo ne za takva cena ! Treba da testirate vistinski gejmerski gluvcinja, od brendovi dokazani za vakva rabota, kako Logitech, Steel Series, razer.. a CM i Corsair da si pravat toa za sto se oni specijalizirani – za kuleri i memorii. Ne razbiram sto majka baraat sega i oni da pravat "gejmerski" gluvci !

    1. Битен е самоит модел,а корсаир направи квалитетен маус кој ги јаде повекето логитеџ маусови.Дефинитивно нареден мој маус ке биде corsair M60.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии