Coolendаr, едноставен и интересен веб календар

Внесувањето датум, време и задача, се пишува во една линија текст. Пример, monday 14:00 купи кафе и кликате Create.Самиот календар ќе го одреди датумот на monday, односно првиот последователен понеделник. За жал не може да се пишуваат деновите на македонски. Доколку сакате конкретен датум во тек на месецот внесувате линија текст, пример, 01.18 14:45 купи кафе и кликaте Create. Ако сакате еден настан да се повторува во наредниве пет денови место ден додавате +5.

Настаните/обврските се распроделени според ден, утре и месец, а доколку сакате да ги сместите во категоријата на важни обврски само кликнете на точката до датумот, да биде црвена.

Друга интересна опција е што ако користите Google Talk ќе бидете информирани за сите направени настани и обврските преку месенџерот, само треба да го додадете cooldender@appspot.com. Проблем има со таговите за организирање на настаните бидејќи нема пребарување, а ни опција за категоризирање на посебните тагови.

(via Стаматовски)

2 коментари на “Coolendаr, едноставен и интересен веб календар

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии