„Може да направи многу лоши работи. Секој член на универзитетот и студентите мора да се заштитат ако користат уреди со Windows“ изјави Минди Туелер од ИТ одделот на универзитетот, потсетувајќи ги сите дека Conficker ги напаќа само компјутерите кои користат Windows оперативен систем и во своите напади вирусот краде лозинки, броеви од кредитни картички и други осетливи лични податоци.

Претходно TrendMicro, компанија за интернет безбедност објави дека откриле дека Conficker добил нови инструкции од сервер во Кореа. Тие инструкции односно нов фајл креиран на Април 7, 2009 во 07:41:21 ќе ја зајакне безбедноста на Conficker да не може да биде откриен на заразен компјутер и ќе посочи на црвот да инфицира додатни Windows системи кои ја немаат инсталирано MS08-67 сигурносната закрпа на Microsoft која беше објавена по првичните напади на овој вирус. Оваа акција на Conficker ќе трае до 3 Мај кога виросот повторно ќе се повлече, велат од TrendMicro.

„Едно е сигурно, овие криминалци се мотивирани само од едно нешто: пари“ велат од сигурносната компанија.

Вирусот кој има под своја контрола околу 10 милиони компјутери и за кој сеуште неможе да му се најде „лек“ всушност е ботнет кој ги „измамува“ корисниците со анти-вирус програма и спам. Односно, Conficker сега ги лаже корисниците дека нивниот компјутер е заразен и им нуди анти-вирус програма SpyWare Protect 2009 која може да го исчисти компјутерот од несакан софтвер за само 49.99 долари. Овојпат лажната анти-вирус програма се симнува од сајт базиран во Украина.

Conficker исто така симнува и постоечки црв за е-маил „Waledac“ кој краде лични податоци од жртвите кои подоцна ќе се искористат за спамирање, велат од Kaspersky Labs.

Вирусот иако е помалку страшен, сеуште е опасен и препорачливо е да се заштитите.

П.С. Пробајте го и овој визуелен тест.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии