Commodore 64 сè уште во употреба

Дејан Соколоски

во Останато

Секогаш е интересно кога ќе видиме како некој уред што го сметаме за антиквитет, сè уште се користи. Автомеханичар од Гдањск во Полска веќе 25 години користи Commodore 64 за секојдневните потреби на продавницата.

„Овој Commodore 64 компјутер се користи за балансирање на преносот во возилата. Компјутерот работи без престан 25 години, а преживеа и мала поплава.“, вели објавата на фан страницата Commodore USA.

Commodore 64 е компјутерот кој за многу од корисисниците беше прв чекор во светот на компјутерите. Издаден во 1982, компјутерот доаѓаше со процесор на 1MHz и графика во 16 бои. Се продадоа помеѓу 10 и 19 милиони уреди, и со тоа сè уште е најпродаваниот компјутер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии