Coloro e забавна Android игра со која треба да ја погодите вистинската боја

Погодете ја вистинската боја и проверете го вашиот фокус и рефлекси… ова е описот на Android апликацијата Coloro, создадена од Бојан Прцуловски. Предизвикот во играта е да ја погодите вистинската боја на зборот на екранот, иако зборот е името на некоја друга боја. На пример, ако во кругот пишува Yellow, а бојата на текстот е сина, тогаш точниот одговор е дека бојата е сина.

image-963

„Coloro е игра каде што за 30 секунди треба да направиш колку што е можно повеќе поени со тоа што играчот треба да ја погоди бојата на текстот зададен во белиот круг, во кој текстот е име на некоја друга боја, а истовремено се менуваат и бојата на позадината и бојата на дадените одговори со цел иградата да биде што е можно повеќе предизвикувачка.“ ни објасни Бојан.

Апликацијата досега е преземена помеѓу 100 до 500 пати и претставува едноставна апликација која ќе ве забавува.

„Идејата беше да се креира апликација која на забавен и едноставен, но и на прилично предизвикувачки начин играчот би ја искористил својата брзина на реакција и концентрација со цел да направи повеќе поени на некој од модовите. Идејата ја добив уште во 2013 година, но седеше цели 3 години во мојот компјутер сѐ до моментот кога одлучив конечно да ја креирам и да ја објавам.“ раскажува Бојан.

Апликацијата може да ја преземете на следниов линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии