Coinhive затвора во март

Сервисот Coinhive кој требаше да ги замени банерите за заработка на веб страниците, згаснува во март, јави ZDNet. Веројатно ова е добра вест за сите сопственици на веб сајтови кој одникаде „закачиле“ малициозен cryptojack код. Сите кои имаат некакви средства може и треба да ги повлечат пред 30 април.

„Падот на хаш-стапката (над 50%) по последната поделба (fork) на Monero многу нè погоди. Истото го направи и падот на криптовалутниот пазар, вредноста на XMR падна над 85% во рок од една година“, велат од Coinhive.

Идејата во теорија изгледаше одлично. Наместо реклами секој посетител можеше да „позајми“ дел од перформансите на уредот. Со ова сопственикот на сајтот копаше крипто-валути Monero, што потоа можеше да ги продаде за заработка. Целото копање се решаваше со едноставно додавање на „coinhive.js“ на сајтот. Овој фајл требаше да се прилагоди на сопственикот на сајтот.

За жал со исклучок на Pirate Bay ниту еден поголем сајт не ја прифати идејата. Иако coinhive ќе овозможеше заработка во зависност од тоа колку еден корисник ќе остане на страната. За жал најголемиот проблем беше што премногу од процесирачката моќ беше „повлекувана“. Втор и веројатно поголем проблем се злоупотребите од страна на хакери и групи кои се инфилтрираа на веб сајтови и поставуваа сопствен coinhive код. Ситуацијата е таква што 62% од сличните злоупотреби се преку coinhive.

Сепак лошиот глас и злоупотребите не се причина за згаснувањето. Падот на Monero придонесува ова копање да биде значително помалку исплатливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии