Cognism дојде до инвестиција од 12 милиони долари

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Image coutesy if Cognism

Македонско-Британскиот стартап Cognism кој користи вештачка интелигенција за унапредување на продажбата, доби нова инвестиција, овојпат 12 милиони долари, извести SC Ventures.

Ова е вторпат стартапот да собере средства на 10 милиони долари, откако истото го направија и во јули годинава. Со оваа инвестиција Cognism успеа да собере 28,5 милиони долари.

Најголем инвеститор во оваа рунда е AXA Venture Partners, средствата ќе се искористат за влез и зацврстување на европскиот пазар и отворање на повеќе регионални канцеларии. Дополнително дел од овие средства ќе се искористат за понатамошно прилагодување на решението на GDPR, иако компанијата е лидер кога спроведувањата на GDPR стандардите се во прашање.

Cognism користи вештачка интелигенција за унапредување на продажбата. Технологијата која ја развиваат треба на клиентите преку анализа на „big data“ да им помогне да ја забрзаат продажбата и да ги пронајдат вистинските контакти. Tехнологија e целосно компатибилна со Salesforce и Microsoft Dynamics што ги прави Cognism едена од водечките европски компании во Sales Intelligence (Продажна Интелигенција). Cognism ќе овозможи подобра организација при купувањето и поголема приватност на купувачите. Компанијата со помош на вештачка интелигенција работи на обработка на податоците од потенцијалните купувачи, ги прочистува овие податоци и ги збогатува. Ова овозможува поголема продажба и подобро прилагодување на тимовите за продажба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии