Coffice ги отвори вратите за македонските стартапи и фриленсери

Позади гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје, се отвара нов деловен простор во кој стартапи, фриленсери и креативци ќе можат да работат. Coffice е нов co-working простор, основан од Даниела Милошеска од Bastet Noir која вели дека сака да креира заедница на стартапи кои ќе можат да соработуваат во поевтин заеднички простор, наместо да изнајмуваат скапи канцеларии.

Вакви co-working простори се хит меѓу стартапите ширум светот. Во САД ги има најмногу, а меѓу нив е и WeWork кој за помалку од четири години стигна до вредност од неколку милијарди долари. Во овие заеднички канцеларии се собираат млади умови на едно место, и освен што имаат поевтини услови за работа, главно младите претпримачи и фриленсери имаат шанса да се запознаат меѓу себе и да сорабтуваат. Во Македонија веќе постојат слични co-working простори, пример е ПСМ инкубаторот кој постои одамна и изнајмува простор и менторство на младите компании. Но, за разлика од ПСМ, Coffice нема да биде и акселератор на стартапи.

Целта на Coffice е да реши еден едноставен, но скап проблем кој го имаат сите македонските стартапи и фриленсери кои не можат да платат за канцелариски простор. Даниела која го стартува Coffice, на почеток работеше од дома на својот моден стартап Bastet Noir. Но, работењето од дома (и ова најдобро го знаат фриленсерите), покрај бенефитите што немаш одредено работно време, има повеќе недостатоци. Од дома работата може да биде напорна, мрзлива бидејќи концентрацијата лесно се губи, и брзо станува досадна.

„Колку и да сте индивидуалец или ентузијаст кога креирате стартап имате потреба да сте меѓу луѓе, да размените идеи и енергија. Ми беше потребен простор кој нема да ме чини многу, а сепак ќе запоцнам луѓе и ќе среќавам со клиенти“, вели Даниела. „Токму тоа е причината на отварање на Coffice, да им се овозможи на младите претприемачи канцелариски простор по поволни цени каде ќе можат да доаѓат и запознаваат луѓе. Coffice освен простор, ќе им понуди директна комуникација со други претприемачи, ширење на нивната мрежа на ознаници и наоѓање на потенцијални клиенти“

Toa што го нуди Coffice е простор за кој стартапите ќе плаќаат 6.000 денари месечно, во кои се вклучени сите трошоци и пристап до интернет. Co-working просторот треба да симулира деловна атмосфера, но сепак внатрешниот дизајн е направен да одговора на младите стартапи, па затоа е направен малку позабавен.

8 коментари на “Coffice ги отвори вратите за македонските стартапи и фриленсери

  1. Браво, тоа се бара! Не ми е јасно дали цената е 6000 денари за соба/канцеларија, биро или столче? Kолкав е вкупниот капацитет на објектот (број на компании/соби/бироа/столчиња)?

    1. Па… затоа што кога програмирам сакам да ми е удобно, затоа што дел од работата ми е седење и куцање на тастатура, си имам инвестирано во добро столче.

  2. Ух… столчињата се едни од најлошите. Не верувам дека некој би можел/сакал да работи по неколку часа на ден седејќи на вакви столици

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии