CodeWell објави iPhone верзија за АвтоБуско и влезе во соработка со T-Mobile

АвтоБуско, апликацијата на CodeWell која помага за користење на јавниот превоз во Скопје, сега доби iPhone верзија и нова, подобрена Android верзија.

Тоа што е интересно е што AвтоБуско сега e „под капата“ на T-Mobile, вели Нино Карас од CodeWell, односно операторот ги откупи ексклузивните права на апликациајта и сега ќе може да ја преинсталира AвтоБуско на нивните Android уреди, но само во Македонија. Нино не открива детали за откупените права и сличните детали од соработката со T-mobile.

Што се однесува до iPhone и Android верзиите на апликацијата, Нино од своето искуство вели дека за iOS било полесно да се развие апликацијата, но само бидејќи веќе претходно имале завршено голем дел од имплементацијата.

„За развивањето на iOS и Android верзиите би рекол дека полесно беше да се развие iOS затоа што еден дел од работите беа веќе готови и полесни за имплементација, а и огромна олеснителност беше тоа што целата апликација – нејзината функционалност, дизајн, алгоритмите и многу други работи веќе ги спремавме за Аndroid верзијата, сега само беа ‘преведени’.“

3 коментари на “CodeWell објави iPhone верзија за АвтоБуско и влезе во соработка со T-Mobile

  1. Jas imav Android mob (SE Xperia x8), sega imam iPhone 4 i se vozam so avtobus, a poznavam uste mnogu lugje od drustvo, fakultet i sl koi imaat takvi mobilni i se vozat so avtobus. Sakam da kazam vozenjeto so avtobus ne e normalno samo za onie koi imaat problemi so samodoverba ! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии