CodeGuru е вештачка интелигенција која проверува код

Amazon објави дека CodeGuru, вештачката интелигенција која проверува код е достапна за сите. CodeGuru е алатка за програмери која откако ќе го разгледа кодот помага со препораки за зголемување на квалитетот.

Вештачката интелигенција е тренирана на над 10000 проекти со отворен код. Технологијата го скенира кодот пронаоѓа багови и критични грешки, и дава совети за тоа како да се надминат проблемите. CodeGuru може да пронајде и кои линиите во кодот најмногу ја покачуваат цената на работа.

Компанијата проценува дека со оптимизацијата во екстремен случај ќе може да се намали користењето на процесор 325%, и да се намали цената на трошоците за 39%.

Корисниците плаќаат единствено за секоја употреба на CodeGuru, и според Amazon цената не е премногу висока и може да се користи за секој преглед на код. Компанијата веќе го користи CodeGuru и со него се оптимизирани на 80 000 апликации.

Целиот систем е поделен на два дела Code Reviewer и Application Profiler.

Во првиот дел девелоперите го оставаат кодот во складиштето за код, и го додаваат CodeGuru како софтвер за проверка на код. Вештачката интелигенција го прегледува кодот и ги пронаоѓа пропустите и баговите. На крајот, CodeGuru додава текст во кој пишува во која линија е проблемот, што е проблемот и препорака како да се надмине.

Вториот дел е Application Profiler и тука CodeGuru ќе им помогне на развивачите на софтвер да ги пронајдат најскапите линии код. Функционалноста пронаоѓа и отстранува неефикасни делови во кодот и со тоа ја оптимизира и подобрува работата и значително ги намалува оперативните трошоци.

Amazon CodeGuru е веќе достапен во S East (Северна Вирџинија), US East (Охајо), US West (Орегон), EU (Ирска), EU (Лондон), EU (Франкфурт), EU (Стокхолм), Asia Pacific (Сингапур), Asia Pacific (Сиднеј), and Asia Pacific (Токио).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии