Codecademy и Google сакаат да заинтересираат повеќе девојки да програмираат

Codecademy, Google и DonorsChoose ја започнаа својата соработка чија цел да ја зголеми заинтересираноста на девојките за програмирањето. Идејата за ваков проект доаѓа поради фактот дека од сите завршени студенти на комјутерски науки само 12 отсто се девојки, а соработката ќе се смета како успешна кога ќе биде двојно зголемен бројот на девојки кој студираат компјутерски науки. За таа цел. Google.org донира милион долари за DonorsChoose награди за програмерките кои ќе го завршат специјалниот курс на Codecademy, сервис за онлајн курсеви кој има над 24 милиони корисници.

„Мислиме дека овој проблем бара напор на неколку фронтови: зголемување на можноста за образование, обезбедување на примери (идоли) за идните студенти, мотивирање на учениците и нивните наставници да го направат првиот чекор кон изучување компјутерски науки“.

Соработката со DonorsChoose.org пак обезбедува дека инвестицијата на Google ќе биде поделена на оние места каде ќе биде навистина потребна. Секој пат кога студентите ќе завршат курс на Codecademy тие помагаат да се обезбедат нови патеријали, како таблет компјутери, PC-ја, материјали и уште повеќе за нивните училници.

Дополнително Google инвестира 50 милиони долари во проектот Made with code, проект кој е подготовка која ќе ги заинтересира девојките за наука. Made with code ќе биде составен од кобинација на проекти, партнерства со младински организации и слично, дел од првите проекти се креирање на 3Д-исприната бразлетна, креирање на анимиран GIF, 2Д- аватар и куп други проекти кои ќе ги заинтересираат најмладите за компјутерски науки.

„Денес кодирањето не е единствено корисно кога работите во техничка компанија, инженерството не е единствено за инженери. Внатрешен дизајн, медицина, архитектура, музика. Без разлика што девојките сонуваат дека работат, учењето на кодирањето ќе им помогне да дојдат до таму. Иднината- нашата иднина – е направена со коди. Да направиме што можеме да ја направиме иднината што е можно подобра“.

[youtube]7Y__fFMxdgY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии