Codecademy додаде почетни лекции за HTML и CSS

Codecademy, еден од поинтересните едукативни веб сајтови за учење како да се програмира, кој стартуваше пред осум месеци, сега стана уште поинтересен за сите почетници кои се заинтересирани во HTML и CSS.

Сајтот до сега имаше лекции само за JavaScript програмирање потребно за креирање апликации, а од сега и почетни курсеви во HTML 101 кои започнуваат од апсолутните основи за креирање на веб страни. Codecademy е интересен бидејќи доделува беџови со кои ги мотивира корисниците, овозможува да се вклучат и пријателите во учењето и овозможува на другите да го споделат своето знаење преку Create копчето. Токму така настанаа и HTML и CSS лекциите.

„Codecademy (и програмирањето) треба да бидат за секој и секаде.“, вели ко-основачот на стартапот, Зек Симс. „Имавме имејли од универзитети, основни и средни училишта. Се надеваме дека HTML и CSS се одличен додадок на нашите курсеви кои тие веќе ги користат.“

Според Симс, откако овозможија корисниците да предложат лекции, Codecadamy има соберено околу 2.000 предавања од кои првите што се објавени се овие почетни курсеви за HTML и CSS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии