[email protected] ги повикува сите кои сакаат да се запознаат со програмирање

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

[email protected] е воведен курс за програмирање наменет за новозапишаните студенти на ФЕИТ со кој треба да се запознаат со основите на програмирањето. Иако приоритет имаат студентите, на предавањата може да учествуваат сите кои се заинтересирани да се запознаат со основите на програмирање.

Оваа година настанот се одржува седми пат. Целта на курсот е да се мотивираат младите да учат програмирање и да креираат софтверски апликации. Дел од курсот е и интерактивната настава, која ја покрива наставниот и соработничкиот кадар на Институтот за КТИ и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија.

Како и на досегашните курсеви и на овој учесниците ќе се запознаваат со основите на програмирање и дизајнирањето на алгоритми. Во текот на курсот посетителите ќе научат како проблемите да ги претстават како алгоритам, а потоа и како код.

[email protected] е особено успешна приказна, која седма година по ред ќе ја организира Факултетот за електротехника и информациски технологии. Повеќе од четиристотини слушатели од различни профили, во изминатите години, токму преку овој курс, се запознаа со основите на програмирањето. Наставниот кадар на Институтот за КТИ при ФЕИТ со задоволство ќе продолжи да го пренесува своето долгогодишно искуство и знаење на сите кои се заинтересирани да навлезат во тајните на програмирањето. Се надеваме на уште многу успешни настани“, вели вонреден професор Марија Календар, раководител на Институтот за КТИ при ФЕИТ.

За повеќе податоци може да ја погледнете веб страницата на ФЕИТ. Предавањата се одржуваат од 23 до 27 септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии