Code 2019: 51% од светската популација користи интернет

Веројатно Code Conference е сè уште еден од најинтересните ако не и најрелевантни настани на кои се споделува интернет статистика. Традиционално секоја година Мери Микер излегува и во околу еден час низ слајдови ни ги презентира најинтересните интернет трендови од периодот помеѓу две Code конференции.

Добра вест е дека по повеќегодишни напори на интернет била половината или 51% од светската популација. Лошата страна на овој тренд е дека како што се „заситува“ пазаро, сè е потешко да се пристапи до останатите корисници. Порастот на интернет корисници е намален и изнесува 6%. На претходното мерење на интернет била 49% од популацијата. Во апсолутни бројки 3,8 милијарди луѓе биле интернет корисници во изминатата година. Најголем дел од корисниците пристапуваат преку паметни телефони. Ова секако важи и за ново додадените корисници. Најголем дел од корисниците доаѓаат од Кина (22%), Индија (12%) и САД (8%).

Напредок има и во е-трговијата, па сега на овој сектор отпаѓа 15% од вкупната светска трговија. Мината година во овој период оваа бројка изнесуваше 12,4%.

Во највредните 10 компании во светот, само 3 не се од технички компании, Berkshire Hathaway, Visa, и Johnson & Johnson останатите се од ИТ секторот.

  1. Microsoft
  2. Amazon
  3. Apple
  4. Alphabet
  5. Berkshire Hathaway
  6. Facebook
  7. Alibaba
  8. Tencent
  9. Visa
  10. Johnson & Johnson

Многу, ама навистина многу повеќе податоци може да пронајдете во извештајот подолу, а секако добар дел од податоците се споделени и во презентацијата на Мери Микер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии