CoD: Black Ops е најпиратираната игра во 2010-та

Тоа што е забележително е што Black Ops стана најсимнувана игра само по месец ипол од објавувањето. Имено, играта беше објавена во ноември. За споредба втората најпиратирана PC игра Battlefield: Bad Company со близу 4 милиони пати е објавена во март.

Интресно е што овие статистики, објавени од Torrent Freak, ја продолжуваат дебатата за дали пиратеријата им всушност наштетува на продажбите или ја зголемува популарноста на бренд насловите? Пример, и најпиратираната игра и најпиратираниот филм Аватар во 2010-година се воедно и рекордери во продажба. Дали пиратите ги купуваат потоа игрите или одат во кино да гледаат филм, или дали воопшто би купиле игра или филм доколку треба да го платат? Можеби го популаризираат тој наслов па придонесуваат кон продажбата? А можеби студијата остануваат без додатен профит? Друго интересно нешто е што студијата си го сменуваат моделот. Имено, Black Ops е најинтересна ако се игра онлајн, а за тоа ќе мора да се плати за оригиналната игра, нешто што ја отстранува пиратеријата.

Еве ги најпиратираните игри за 2010-та, според Torrent Freak.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии