ClubHouse конечно и на Android, засега само во САД

Дејан Соколоски

во Вести

Конечно по речиси цела година, популарната аудио друштвена мрежа ClubHouse е достапна и на корисниците на Android. За жал барем засега единствено за корисниците од САД, и сè уште единствено со покана.

Добра вест е дека ова е последната фаза пред поширока достапност за апликацијата. Лоша вест е дека и натаму нови корисници на ClubHouse може да се приклучат со покани. Корисниците надвор од САД веќе можат да се регистрираат и да ја почекаат апликацијата. Android верзијата на ClubHouse е во развој од почетокот на годината, пренесе TechCrunch.

„Нашиот план за следните неколку недели е да ги собереме реакциите од заедницата да ги поправиме сите грешки кои ќе ги забележиме и да ги додадеме финалните функционалности како плаќање и креирање на клубови пред да започнеме со поширока достапност“

Добра, или можеби лоша вест за сите кои чекаат покани за аудио мрежата е дека под притисок на намалениот број на нови корисници ClubHouse наскоро би можел да ја промени политиката и да дозволи пристап и без покани. Секако за ова е потребно скалирање на инфраструктурата што ќе овозможи поголем број на корисници да ја користат платформата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии