Clubhouse има куп проблеми со приватноста

Најновата и најинтересна друштвена мрежа во моментов Clubhouse е пред куп предизвици поврзани со приватноста. Покрај дел од другите пропусти снимањето на разговори ќе биде и најмал пропуст.

За среќа бројот на корисници е релативно мал, па платформата може да ги надмине овие проблеми пред да продолжи со уште поголемо ширење. Одлична листа на сите поголеми пропусти за приватноста може да погледнете на Inc.

Снимање на разговорите

Clubhouse чува аудио записи од разговорите во сите соби. Друштвената мрежа нема функционалност која на корисниците би им овозможила да прегледаат некоја од содржините. Содржината на Clubhouse е достапна единствено во живо, па поради ова можеби овие записи делуваат помалку сомнително. Сепак креаторите немаат никакви скриени намери.

Разговорите во собите се снимаат привремено. Копијата се чува подолго  единствено на поплака од корисник. Во тој случај разговорите се чувуваат за инцидентот да биде прегледан.

Не може да ги избришете податоците кои ќе споделат други корисници

Дури и ако не сте на Clubhouse ако некој ваш пријател е на друштвената мрежа, веројатно барем вашиот телефон е кај нив. Причината за ова е поради начинот на кој функционира додавањето на пријатели на платформата. За некој корисник да може да препорача и да повика свој пријател мора да ги сподели контактите; и тоа не само контактите на луѓето кои ги повикува туку сите контакти од листата. Селективно додавање на контактите варем засега не постои.

Ова на крај придонесува платформата да има телефонски броеви од луѓе кои можеби воопшто и не слушнале за Clubhouse.

Не постои едноставен начин да го избришете профилот

Ова не е новитет и беше познато од претходно. Clubhouse нема едноставен начин со кој корисниците може да ги избришат своите податоци.

Ако корисникот дошол на мрежата и одлучил дека тоа сепак не е за него нема едноставен начин на кој ќе го избрише својот профил. Наместо ова треба да ја контактира  поддршката по електронска пошта и од нив да побара да го избришат профилот.

Како ќе заработува платформата

Начинот на заработка на платформата барем во моментов не е проблем. Сепак веројатно во иднина приходите ќе доаѓаат од реклами. Поради ова правилата за користење на Clubhouse најавуваат дека податоците на корисниците можат во иднина на бидат споделени со сегашни или идни партнери. За жал податоците кои би можеле да се споделат не се прецизно дефинирани и тоа може да биде проблем во иднина.

Како и сите други мрежи и Clubhouse ги следи своите корисници. Мрежата собира податоци за тоа што прават нејзините корисници на платформата, но и надвор од неа. Потоа овие податоци ќе се користат за сервирање на реклами веројатно на Clubhouse, но и на останатите партнерски друштвени мрежи. Дел од заработката во иднина може да биде и од продавање на податоците на корисниците.

Треба ли да му прогледаме низ прсти

Платформата е сè уште нова и дел од овие проблеми се далеку помали отколку што се кај гигантите. Сепак прашањето на онлајн приватност и безбедност на податоци е веќе отворено, и овие правила веќе мора да важат за сите. Дел од постарите платформи имаа поголема слобода, но и самите друштвени мрежи беа нови и предизвиците беа непознати. Денес овие проблеми веќе се познати и мора да се надминат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии