ClipDrop ја носи проширената реалност од телефон на десктоп

IT.mk редакција

во Софтвер

ClipDrop е нова апликација која овозможува објектите од физичките свет да ги префрлиме во дигиталниот свет. Апликацијата е едноставна за користење и овозможува своевиден copy > paste во проширена реалност; иако апликацијата овозможува и копирање од слики.

Апликацијата овозможува префрлање на предмети, па и текст од физичкиот свет во дигиталното со користење на различен софтвер. Алатката се интегрира со Photoshop, Google Docs, PowePoint, Figma, Canva…

ClipDrop е во бета фаза, и дел од функционалностите не работат како што треба. На пример на десктоп, рамката во која го селектирате објектот не се гледа, или сликите од она што го селектирате не се тоа што го очекувате. Цената на апликацијата не е превисока, но не е занемарлива. Во моментов чини 40 долари годишно, а по 20-ти ноември ќе чини 80 долари годишно.

Ако сакате само да ја тестирате со бета верзијата добивате и 10 бесплатни употреби.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии