Студентот Дарко Божиноски и оваа година учествува на натпреварот на Светска банка за развивање на апликации со отворени податоци со цел да ја подигне свеста на луѓето за климатските промени. Лани тој и неговиот тим од ФОН универзитетот доби награда од публиката, а сега, заедно со своите професори, настапува со Climate for Children апликација која е мултимедијална интерактивна презентација за едукација,
„Овие презентации користат различни групи на отворени податоци така што ќе го направат процесот на учење доста поинтересен за учениците, ќе ја зголемат нивната мотивација, ќе ги запознаат со последиците од климатските промени и како може тие да придонесат во овој процес.“, објаснува Дарко.
„Според мене со поврзувањето на отворените податоци со новите технологии како интерактивнитете табли, наставниците може навистина да го подобрат целото искуството на учениците и да придонесат за развој и стимулација кај нив преку изготвување на голем број на мултимедијални и интерактивни презентации и игри кои ќе бидат достапни за широката јавност.“
Покрај Climate for Children, на овогодинешниот натпревар на Светска банка учестува и апликација од студенти на ФИНКИ.
[youtube]Eay6UHk3WuY[/youtube]
T-mobile