ClearCenter го купи австриско-македонскиот стартап Minebox

Image courtesy of ClearCenter

Новозеландската компанија ClearCenter е нов сопственик на австриско-македонскиот стартап Minebox. Со ова ClearCenter ќе го заокружи својот хибриден оперативен систем за менаџирање, ClearOS. Стартапот Minebox е основан од Владо Петрушев и Андреас Петерсон.

Купувањето на Minbox ќе овозможи поголема безбедност за корисниците. Со оглед на тоа дека blockchain е сѐ поинтересен, прашањето на поголемата безбедност е сѐ поважно.

Minebox пред околу една и пол година беше избран во најдобрите 3 стартапи на Start Summit во Сент Гален. Стартапот го искори blockchain концептот за уред кој функционира како складиште на податоци поврзано преку peer-2-peer мрежа.

„ClearCenter е совршено надополнување за корисниците и вработените на Minebox. Со спојувањето со ClearCenter ќе може да поддржиме поголем број на корисници, да се рашириме на нови пазари и да креираме нови производи за складирање на податоци за следните декади“, вели Владо Петрушев од Minebox.

Minebox e физичко складиште што работи на NAS (network attached storage) принцип и користи P2P мрежа за протокот на податоците. Дизајниран е да може да се рента просторот што не се користи во замена за биткоини, што покрај продажбата на хардвер е дел од бизнис моделот на Minebox.

Идејата е да можете да рентате простор од повеќе Minebox кутии низ целиот свет. Ова креира децентрализирани складишта кои ги чуваат податоците. За заштита на податоците Minebox има таканаречена storage card која во случај на физичко оштетување функционира како личен клуч за враќање на податоците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии