Claxi понуди поедноставен такси превоз и во Велес

Claxi, македонската апликација за повикување на такси која по концептот и брендингот потсетува на популарната Uber, сега ќе може да се користи и во Велес. Со Claxi веќе може да се повикува такси во Скопје и во Битола.

Идејата зад Claxi е да ви понуди преку мобилна апликација да повикате такси кое ќе го информирате за вашата локација преку GPS, односно каде сакате да одите. Toa e всушност клучно кај апликацијата наменета за патници или таксисти – да понуди брз такси превоз или да најдете патници според најблиската локација. Дополнително, апликацијата ќе ви понуди таксисти кои пак ќе ви понудат или попуст или ќе ви изгледаат доверливи бидејќи имаат објавена фотографија и детали за себа. Целта е патниците да се поврзат со такститите, велат од Claxi.

Но, освен патниците, Claxi ги таргетира и таксистите, односно возачите кои сакаат да работат. Компанијата одржува тренинзи со таксисти како да ја користат апликацијата, и како преку неа да имаат комуникација со корисниците или да им испратат нотификација кога таксито ќе стигне на договрената локација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии