Claxi и Fueloyal се победниците на МАСИТ ИКТ награди 2016

Claxi на Bransys, Fualoyal од 4Virtus, решението за јавни набавки на Горд, и решението за имплементираност во возилата на ЈСП од Македонски Телеком, се победници на годинешните ИКТ награди 2016 на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (MASIT).

На натпреварот се пријавија десет решенија кои се натпреваруваа во пет категории: приватен сектор, јавен сектор, извонредни мобилни решенија, решенија за дигитални можности и решенија за одржлив раст. Првонаградени се Bransys со Claxy платформа која ги спојува таксистите со патниците преку мобилен телефон. Втората награда е за 4Virtus и нивното паметно капаче Flueloyal, кое се поставува на резервоарот за гориво кое не може да го „измамите“ за количеството на гориво. Освен награденaта технологија, свои решенија имаа и Стопанска Банка АД Битола, ASPEKT, Семос Едукација, и уште две решенија на Македонски Телеком. Наградите поминаа без преголемо информирање на јавноста, а за жал се чини дека и стартапите не го добија заслуженото внимание. За среќа се чини дека се наградени компаниите кои најмногу заслужија.

Победниците ќе бидат номинирани за WITSA – Global ICT Excellence Awards кои ќе се одржат во Бразил на почетокот на октомври. Секој од победниците доколку се одлучи ќе може да отпатува и да се претстави на интернационалниот настан.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии