Cisco награди студенти од централна и источна Европа

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Денеска беа објавени петте победници на интернационалниот натпревар организиран од страна на Cisco за конфигурација на интернет мрежи, NetRiders. Натпреварот за прв пат се одржа онлајн на 9 јули и во него учествуваа претставници на над 24 земји. Наградата за победниците е спонзорирана академска тура низ Силиконската долина во Јануари 2009 година.

Во најобeмниот досега NetRiders натпревар учествуваа повеќе од 70 номинирани студенти на Cisco академиите, а како победници беа прогласени Ксила Бесенеј од Унгарија, Борис Дековиќ од Хрватска, Грега Пресерен од Словенија, Крстијан Сандеску од Романија и Павел Стефанов од Бугарија.

– Ова не е мојот прв предизвик во конфигурација на мрежи, но беше најдобриот. Можноста да одпатувам во САД ми даде екстра поттик да дадам се од себе. Одсекогаш сум сакал вакви натпревари, но овој беше најреален и вистински тест. Навистина сум возбуден за патувањето, и одвај чекам да научам повеќе за мрежите и за тоа како работи индустријата. – изјави по прогласувањето на победниците, студентот Ксила Бесенеј.

Студентите се натпреваруваа во разни активности кои вклучуваа писмено одговарање на технички прашања, рачно конфигурирање на мрежи и оддржување на симулиран телефонски повик за техничка поддршка.

Петте победници ќе добијат спонзориран транспорт и сместување во Калифорнија, каде што една цела недела ќе поминат во претставништвото на Cisco и останатите компании со кои Cisco соработува, притоа состанувајќи се со извршни директори, системски инжињери и други експерти кои ќе се обидат преку пракса и корисни информации да им го збогатат знаењето и работното искуство на студентите.

Cisco академиите се институции кои се создадени преку глобална партнерска алиjанса меѓу образовните институции, спонзорирана од компанијата. Целта на овие академии е да помогнат во развојот и создавањето на квалитетен ИТ кадар. Во светот повеќе од 2 милиони студенти имаат стекнато образование во над 10,000 Cisco академии во повеќе од 165 земји, вклучувајќи ја и Македонија каде што постои регионална Cisco академија на Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии