Cisco донира 50 милиони долари за бездомниците во Силициумската долина

Cisco објaви дека донира 50 милиони долари на фондацијата Destination:Home. Донацијата ќе биде во следните 5 години, а целта е да има се помогне на бездомниците со престојувалишта.

„Долго време велиме дека од нас зависи ставањето крај на бездомништвото во нашата заедница. Cisco во целост го прифати овој концепт, и правиме чекор да покажеме лидерство во приватниот сектор  и одделуваме значителни финансиски средства за да се справиме со оваа криза. Благодарни сме што ги имавме Чак Робинс и Cisco“, вели Џенифер Лавлинг од Destination:Home.

Cisco на оваа фондација ќе и додели 20 милиони долари, јави TechCrunch. Овие пари треба да и помогнат на организацијата да стави крај на проблемот со бездомништвото во неколку реони. Помалку изненадувачки, проблемите се изразени во зоните во кои најголемите компании ги имаат своите седишта: Купертино – Apple; Маунтаин Вју – Google/Alphabet; Пало Алто – Facebook.

Високата цена на живеење во овие градови е предизвикана од техничките компании. Поради ова, обичните граѓани имаат проблем да пронајдат место за живеење кое можат да си го дозволат. Ова е една од причините поради кои се почести протестите против најголемите компании.

Дополнително, со слична, но малку поинаква помош, пред шест месеци се јави Google. Компанијата ќе инвестира грант од 1 милијарда долари за образување на работниците кои би можеле да работат во индустријата за висока технологија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии