Чувајте ги телефоните од Франкенштајн, нов и исклучително опасен вирус

Од темните подруми на најгенијалните хакерски умови, произлезе релативно нов вирус кој е коктел од исклучително опасни тактики.

Се работи за малвер кој се вика MysteryBot, но често се опишува како Франкенштајнова креација затоа што структурата му е составена од делови рансомвер, тројанци и килогери, а Aндроид направите ги напаѓа на безмилосни и брутални начини.

Безбедносната фирма која го има откриено овој малвер, ThreadFabric, објаснува дека  MysteryBot го презема вашиот паметен телефон или таблет и краде чувствителни информации како мејлови или контакти. MysteryBot е доволно паметен да ви наметне лажни страни кои делуваат крајно реално, а и ги следи вашите допири за да проба да погоди што пишувате со виртуелната тастатура. Згора на тоа, малверот лесно може да ги заклучи вашите податоци во зип-датотека и да не ви ја даде лозинката се додека не платите пари.

Проблематичниот код вешто се крие во навидум легитимни апликации, како Adobe Flash Player. Причината поради која се користат Flash Player апликации за криење на кодот е затоа што некои вебсајтови сѐ уште користат Flash компоненти, нешто што не е поддржано на Andoroid. На овој начин, корисниците лесно се лажат да инсталираат наводни Flash Player апликации како би можеле да пристапат до содржини на одредени сајтови.

MysteryBot не дискриминира и прави пустоши и на најновите верзии на Андроид, како Nougat или Oreo. Токму поради тоа, строго се препорачува да не преземате апликации надвор од оние кои се наоѓаат во официјалната продавница со апликации. Исто така, внимавајте какви дозволи бараат одредени апликации.

Од безбедносната фирма објаснуваат дека MysteryBot е сѐ уште во рана фаза на развој и сѐ уште нема длабоко пуштено корени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии