Чудна жена беше Вера, стрип инспириран од Twitter

Eден од тие млади креативци е Никола Војновски кој го направи својот прв стрип, инспириран од Twitter и хаш таговите. За Никола сме и претходно пишувале за неговата идеја да црта aватари за профил слики на друштвените мрежи. Така, со цртањето како искуство, стрипот е можеби следниот природен чекор?

„Од секогаш ме интересирале стриповите. Еве, пред 2 дена се решив да нацртам стрип, па ми фалеше уште идеја. Мислејќи на идејата и темата, се запрашав каде најпрво би го промовирал мојот прв стрип. Решив тоа да биде на Твитер, за да го видат твитерџиите кои ме следат :). Така и инспирацијата ми беше од Твитер. Смислив содржина, разбирлива и „смешна“ за твитерџиите и почнав со цртање. Големиот број на пофалби и ретвитови ме изненадија, така да, се надевам дека навистина ги бендиса мојот прв стрип.“ вели Никола.

1 коментар на “Чудна жена беше Вера, стрип инспириран од Twitter

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии