Чубака ги нападна е-продавниците во 11 држави

Малициозниот софтвер Chewbacca собра податоци од кредитни и дебитни картички во 11 држави пред да биде откриен од безбедносната компанија RSA. Серверската инфраструктура на Chewbacca е активна од 25 октомври, а се користи како за напад на PoS (Point of Sale) системи. Во глобална кражба на податоци од платежни картички и лични податоци, пред се во САД, Канада, Русија и Австралија.

Крадците ги собрале податоците откако ја инфицирале опремата за наплата од поголем број на продавници. Софтверот се маскира како фајл кој се користи за принтање, а меморискиот скенер се користи за собирање на бројот на кредитната картичка, доколку бројот е отчитан податоците се рутираат преку TOR, што ја отежнува нивната идентификација.

RSA, која го откри нападот, ги исконтактира и извести продавниците кои беа цел на напад. Кога е во прашање заштитата од ваков вид на напади, продавниците можат да го зголемат бројот на вработени, со вработени кои можат да ги воочат, па дури и да ги запрат овие напади. Втора опција е криптирање на податоците на самото вчитување, што ќе овозможи да не биде во текст формат на нивната мрежа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии