Chrome за Android сега ќе внимава да не го троши вашиот мобилен интернет

Новата надградба на Data Saver функционалноста за Android ќе им овозможи на корисниците да заштедат 70 отсто од мобилниот интернет, вели Google. Заштедата доаѓа поради вградената можност да не се отвораат слики и мултимедија, кога Chrome ќе забележи побавна конекција.

Надградбата треба да помогне да се надмине проблем кој сè уште е актуелен – прегледување по интернет кога мобилниот интернет е бавен. „Откако вебсајтот ќе биде отворен може да одберете да ги отворите сите слики или една под една слика, ова ќе овозможи побрз и поевтин пристап на бавна конекција,“ вели Тал Опенхајмер, инженер на Google.

LoFi - English - Nov 24

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии