Chrome за Android Beta доби десктоп верзија на сајтови и одбележувачи на почетен екран

Google ја претстави новата верзија на мобилниот прелистувач Chrome за Android која сега има неколку нови, интересни и неопходни опции. За жал за многимина Android корисници, овој прелистувач работи само на Android 4.0 Ice Cream Sandwich верзија. Но, доколку имате уред што работи на најновата верзија, тогаш очекувајте ги следниве новини:

  • може да отворите декстоп верзија на сајт, наместо мобилна;
  • може да додадете одбележувачи како кратки линкови на почетниот екран, за побрзо отварање на омилени сајтови;
  • ќе може да одберете кои апликации да отвараат линкови во Chrome;
  • и ќе има опција за проски пристап сетиран преку опциите на Android.
Chrome for Android Beta ќе го симнете од Google Play.

[youtube]Y_ZDmpc0WyQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии