Chrome Web Store ќе стартува во октомври?

Покрај видеото, 1up.com објави и слики од презентацијата како ќе се објавуваат апликаци и игри во веб продавницата. Во продавницата нема секоја апликација да биде бесплатна. За тие што чинат пари, ќе се плаќа преку Google Checkout, а програмерите за нив ќе плаќаат само 5% „такса за процесирање.“

Интересно на една од сликата за како изгледа Chrome Web Store се забележува дека, покрај апликациите, продавницата ќе биде исполнета со веб игри. Google уште на I/О конференцијата спомена дека игрите се најпопуларните апликации, но покрај веб базирани игри се гледа еден интересен наслов на сликaтa. Се работи за Fifa 10.

„Тоа те тера да мислиш дека ако EA е присутна со еден наслов, тогаш тие ќе донесат уште!“ забележува DownloadSquad.

Дополнително на Chrome продавницата се гледа дел „Apps your friends Like” што може да значи дека се додава друштвениот аспект на веб продавницата, што значи дека истaта ќе биде достапна и за идната друштвената мрежa на Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии