Chrome веќе не поддржува H.264 видео стандард

„Иако H.264 игра влијателна улога во видеото, нашата цел е да се овозможи отворена иновација, така поддршка за кодекот ќе биде тргната и нашите ресурси ќе бидат насочени кон комплетно отворените кодек технологии.“, вели Google.

Со креирање на новите HTML5 стандардите се очекува H.264 кодекот ја замени потребата од Adobe Flash кој се користи за повеќето веб видеа, но кој не работи на мобилни уреди, пред се на iPhonе. Apple и Microsoft се меѓу компаниите кои го поддржуваат користењето на H.264 кодекот заради неговите перформанси, и кои можат да се спротивстават на Google.

Проблемот кој го наведува Google е што H.264 e патентиран и за негово користење интернет прелистувачите треба да платат лиценци, додека за WebM кодекот, кој е поддржан од Google, Mozilla и Opera, е со отворен код и не треба да се плаќа за негово користење.

Тоа што е интересно е што и YouTube и Android имаат поддршка за H.264, а корисниците на Chrome сега ќе го компензираат тој кодек со Adobe Flash кој е интегриран во самиот прелистувач, компензација која најверојатно ќе ја користат и другите дистрибутери на видео кои ќе го користат H.264 како стандард, а ќе го заменат WebM со Flash.

1 коментар на “Chrome веќе не поддржува H.264 видео стандард

  1. Цитирам:
    „Сега Google ќе го користи само својот WebM видео формат.“

    Ова е погрешно бидејќи покрај WebM, Google ја задржува подршка за Theora видео форматот, кој иако му е постар брат на WebM, сепак се развива од страна на посебна организација, xiph.org, и има посебна заедница околу него.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии