Chrome го надмина Firefox, стана најпопуларниот прелистувач во Македонија

Според StatCounter, Google Chrome во јуни го надмина Firefox и сега, во јули, има 44 отсто од пазарот на прелистувачи, оставајќи го Firefox во позадина со 40 отсто. Internet Explorer има само 10%.

Оваа статистика се потврува и oд Google Analytics на It.com.mk каде 46% од посетите доаѓаат од Chrome, додека 42 отсто од Firefox. Internet Explorer го користат само 5% од читателите на It.com.mk.

Chrome исто така го надмина Firefox и во Британија. Chrome има 22.12 отсто од британскиот пазар, со Firefox веднаш до него со 21.65 отсто, додека Internet Explorer сè уште е доминантен со 45 отсто, според статистиката во јули.

Глобално, падот на сè-уште-доминантниот IE е поради Chrome кој се повеќе се користи, има 22 отсто и се поблиску е до 27-те отсто на Firefox. Но, во Европа сликата е малку позразлична. Internet Explorer и Firefox се на околу 35 отсто, додека Chrome има 20 отсто.

3 коментари на “Chrome го надмина Firefox, стана најпопуларниот прелистувач во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии