Chrome, Firefox, Opera или Edge на тест за штедливост за батеријата

Microsoft со Anniversary Windows 10 надградбата го поправи и прелистувачот. Новата верзија на Edge е дури и поштедлива од претходно. Поради ова компанијата повторно ги тестираше прелистувачите, a овој пат кодот за нивната автоматизација е отворен и објавен на GitHub.

Со оглед на тоа дека компанијата ги објави резултатите, најверојатно очекувате дека Edge е најштедлив прелистувач. Во право сте! Новата надградба ја продолжи работата помеѓу полнењата за дополнителен 1 час и 20 минути. Edge не е единствениот прелистувач кој е поефикасен: Chrome додаде 1 час и 40 минути; Opera 50 минути; Firefox нема значителна промена.

Резултатите од тестовите се:

  • Edge – 8 часа 47 минути
  • Opera – 7 часа 8 минути
  • Chrome – 6 часа 3 минути
  • Firefox 5 часа и 11 минути

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии