Chrome екстензии за подобро празнично расположение

Наместете Божиќна тема во YouTube и Chrome

Доколку сте и вие како нас, тогаш веќе почнавте со слушање новогодишна музика и потпевнување од кое најблиските разменуваат загрижувачки погледи. Кога веќе го достигнавте тој стадиум, одете уште еден чекор понапред така што ќе инсталирате екстензија која го украсува YouTube со пријатна, светло-плава тема и со симпатични цртежи соодветни за новогодишното расположение.

Дополнително, живејте опасно и инсталирајте ја и следнава екстензија која го потопува и Chrome прелистувачот во новогодишна тема. Додека ги посетувате вашите омилени страни, можете да наместите и да паѓа снег. За тоа, потребна ви е следнава екстензија.

Заштитете се од лошите коментари со Chrome екстензијата #ChooseKind

Иако повеќето луѓе се оперирани од лошите коментари низ социјалните мрежи и не дозволуваат лесно да бидат испровоцирани, сепак не треба да се остават работите на случајот и да се навлезе во новата година со непотребно труење од токсичните корисници.

#ChooseKind е екстензија за прелистувачот Chrome, а има за цел да го промовира филмот Wonder, со Џулиа Робертс и Овен Вилсон така што ги трансформира несоодветните коментари (пцовки и вулгарности) на Facebook, Twitter и YouTube во пријатни, инспиративни пораки, како „ Сèшто ви треба е љубов“, „Ти можеш да направиш сè “ или „Јас сум чудо“. Нормално, храбрите души можат да кликнат за да им се прикаже и оригиналниот збор, односно фраза. Оваа екстензија функционира со зборови од англиското говорно подрачје, но никако не е 100% ефикасна заштита и забележително е провлекување на одредени зборови.

Дознајте ја временската прогноза секој пат кога ќе отворите нов таб

Со оглед на непредвидливоста на времето и константната потреба за посетување роднини и пријатели во овој период, не е лошо да имате подобар увид во тоа какво време би можело да ве очекува. Concretely е корисна екстензија која ви покажува колку е часот и какво е и ќе биде времето во моментот кога ќе ви се отвори нов таб. Можете да одберете да ви се прикажува само временската прогноза или само часот, како и да наместите да има одредени линкови за побрз пристап до омилените сајтови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии