Chrome e најпопуларниот прелистувач во светот

За само четири години, Google Chrome не само што го надмина Firefox, на кој сите гледаа како на негов главен конкурент, туку успеа и да го надмине Internet Explorer и да стане најпопуларниот прелистувач во светот.

Неодамна се откри дека Chrome стана најпопуларен но само за еден ден. Сега, ако ги погледнете податоците на StatCounter ќе забележите дека Chrome напредува кон се поголем број на корисници на сметка на Internet Explorer, додека Firefox иако забележа мал пад, сепак се држи на исто ниво благодарение на верните корисници.

Но, популарноста на Chrome наскоро ќе биде ставена на тест бидејќи се очекува Internet Explorer 10 да пристигне со новиот Windows 8.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии