Chrome 56 на корисниците ќе им понуди поголема безбедност

Новата верзија на Google Chrome ќе ги известува корисниците кога се на веб-страница која не користи https. Ова се однесува на страници кои чуваат лозинки или се користат за купување. Ова е прва фаза за зголемување на безбедноста на корисниците. Mozilla и Chrome во иднина сакаат да ги одбележат сите http страници како небезбедни.

Корисниците ќе забележат и побрзо повторно отворање (reload) на страниците кои веќе ги отвориле. Според Google, времето за отворање е скусено 28 отсто. Промената се однесува на проверката, па сега прелистувачот ќе го провери единствено главниот ресурс, а потоа ќе продолжи со нормално вчитување на страницата. Причина за повторните вчитувања се кога страницата не се отвора правилно или содржината е „замрзната“. Промените во повторното вчитување не само што овозможуваат побрзо отворање, туку се и поефикасни со интернет протокот. Промените доаѓаат на барање на Facebook кои забележа дека од Chrome добива 2 пати повеќе барања, отколку останатите прелистувачи.

Поради потребата од поголема видливост за небезбедноста на http страниците, Chrome ќе го замени црвениот триаголник со текст „Not secure“ што треба побрзо да му го привлече вниманието на корисникот.

Image: Chromium Blog

Сепак дел од идните надградби изгледаат поинтересно од сегашните. Александар Тимин кој е дел од развојниот тим, најави дека во некоја следна верзија страниците кои се во позадина ќе бидат „поштедливи“.

„Некои страници (JavaScript реклами или Analytics скрипти) трошат многу од капацитетот на процесорот, дури и кога табот е во позадина. Ова ги намалува перформансите на прелистувачот, вретраењето на батеријата, и корисничкото искуство. Подади ова ќе ставиме лимит на ресурсите кои ги трошат процесите кои се во позадина.“, објасни г. Тимин.

Ова ќе биде проблем за дел од девелоперите кои мора да имплементираат многу процеси. Сепак нема сите процеси да бидат забавени, па можно е со ограничувањата да бидат опфатени единствено рекламите и скриптите кои трошат многу ресурси. Оваа промена се предвидува за следната надградба на Chrome.

Листата на сите промени во Chrome 56 е достапна на Chromium блогот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии