2 коментари 1 мин. читање

Човек против машина: Пинг-понг натпревар помеѓу робот и поранешниот шампион Тимо Бол

Во 1997 година кога Deep Blue го победи Гари Каспаров во шах, и иако ова не беше првиот натпревар во шах на човек против компјутер, беше пресвртница и голема победа за компјутерите. Натпреварот помеѓу луѓето и машините оттогаш продолжи, а сега се чини дека на ред се физичките спортови. Германскиот производител на индустриски роботи Kuka најаи натпревар во пинг-понг помеѓу еден од нивните роботи и Тимо Бол, поранешен шампион во пинг-понг и поранешен рекет број еден во светот, и најуспешен германски пинпонгар на сите времиња.

Роботот со кој ќе се натпреварува г. Бол е е напредна верзија на Agilus модел кој го произведува компанијата. Во натпреварот овој робот со пет осовини ќе биде прицврстен на земјата, што можеби ќе му даде предност на човекот. Но, со денешната напредна роботика, резултатот може да биде изненадувачки. Натпреварот е закажан за 11 март како составен дел од отворањето на првата фабрика на Kuka во Кина.

[youtube]_mbdtupCbc4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top