Спонзориран текст

Членови на ИТ форум со акција за донирање на компјутери за затекнатите во #поплава

На 6-ти август Скопје го зафати страшната поплава која одзеде животи и направи огромни штети во неколку населби.

Сѐ уште се чистат куќите од вода и кал, се досредуваат улиците и инфраструктурата, но тоа не ги спречи членовите на ИТ форумот да размислуваат еден чекор напред и самоиницијативно да започнат акција каде што ќе се собере хардвер и ќе се склопат конфигурации кои би се донирале на оние на кои што навистина им треба компјутер за работа или учење во поплавените региони.

Иницијативата првично ја покрена членот @uradi_sam, кој и самиот се наоѓа во поплавените региони:

“…како член од поплавено подрачје. Иако е сеуште рано сепак ако може кој колку може да се склопуваат компјутери и друга опрема за оние што се целосно поплавени дечиња.”

За кратко време се приклучија и други членови во дискусијата, како што е членот @Astro, кој истакна дека веќе помага со поправка на компјутер настрадан од поплавата нудејќи бесплатен сервис нудејќи бесплатен сервис со помош на членот@Daniel86 и се пријави преку лични контакти во подрачјата да направи листа на луѓе на кои што им се потребни компјутери за учење или работа. Без партии, пунктови, добротворни организации или фондации. Туку преку лични контакти кои би доставиле список.

Вака се договоривме, еве ќе пишам да знаат сите. Компјутери никако нема да даваме на црвени крстови или месечини, ниту пак пунктови. Имаме наши луѓе од Стајковци и околината кои ќе ни достават списоци со Имиња и презимиња, адреси и телефонски броеви (кои нормално нема јавно да ги објавиме). Најгоре на листата ќе бидат по проценка лицата на кои најмногу им треба компјутер, ученици, луѓе чии приходи зависат од поседување на компјутер дома. Тука не можеме да бидеме сосем прецизни но ќе проценуваме. Ќе составуваме компјутери и истите ќе им ги делиме на луѓето лично, тогаш кога ќе имаат услови за тоа. Нашиве што ги познаваат тие луѓе ќе ни помогнат како можат. Значи нема да бидеме ни ДПМНЕ ни СДСМ ни било каква друга интересна партија. Сакаме само да го дадеме својот придонес и други да научат од нас.

Во само неколку дена се собраа разни хардвер делови, се склопија неколку целосни конфигурации, а во акцијата секојдневно се приклучуваат и други членови и читатели на IT.mk кои што сакаат да помогнат.

Image 657.
Ова не е прва добротворна акција што ја организираат членовите на ИТ форумот. Во декември, 2015-та се организираше акција за подарување на конфигурации за децата од СОС детско село, а година дена претходно, форумџиите подаруваа компјутер на деца без родители.

Доколку по дома имате хардвер кој не го користите слободно пријавете се бесплатно на форумот и дајте го својот придонес кон обезбедување на компјутери за лицата погодени од поплавата. Официјалната тема за оваа дискусија е тука, телефонски број за повеќе информации: 070 220 973, или пишете ни на contact ат it.com.mk.

Воедно, ова е и јавен апел до македонските ИКТ компании да ја покажат и својата општествена одговорност и да се приклучат кон акцијата на членовите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии