Читатели на Engаdget гласаа за најдобриот хардвер во 2012-та

Nokia Lumia 920, Dell Alienware, MacBook Pro и Surface RT сe изгласани како најдобри уреди во 2012-та година, според читателите на реномираниот ИТ блог Engadget. Читателите поделија повеќе од 280.000 гласови за своите омилени десктоп, таблет компјутери, паметни телефони, лаптопи и конзоли.

Најголем интерес имаше за категоријата „Надобар паметен телефон“, каде гласовите ги собра Windows 8 телефонот, Nokia Lumia 920. Уредот на финската компанија собра 43,7 отсто од гласовите пред 14,6 отсто на Samsung Galaxy S3. Интересно, уредниците на Engadget имаа други критериуми од публиката и го избраа супер-телефонот на Samsung за наjдобар.

[youtube]KWhRxgL9HE8[/youtube]

За најдобар десктоп компјутер од читателите е избран Dell Alienware Х51 пред Apple iMac, кој пак беше избор на уредниците. Најдобар лаптоп е Apple MacBook Pro и е еден од ретките уреди за кои читателите и уредниците се согласни во изборот. Microsoft Surface RT е најдобар таблет компјутер според читателите и е изненадување со оглед на тоа дека продажбата на таблетот на е ни блиску со iPad 2 кој пак беше избор на уредниците. Без изненадување помина гласањето за најдобар е-читач каде фаворитот на Amazon Kindle Fire HD на крајот и ја освои наградата.  

За најдобра конзола е избрана Sony PlayStation 3 Slim, а убедливо омилен додаток за играње на читателите на Engadget е Microsoft Kinect. Од останатите уреди интересен е изборот на Curiosity за робот на годината и изборот на Tesla Model S, за најдобро превозно средство. Изборот за најлош уред падна на Google Nexus Q, иако многу блиску со iPotty.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии