Читате ли е-книги? Тука може да најдете електронски изданија

Е-книгите земаат се поголем замав на светско ниво, а судејќи според 24.000 фанови на Facebook страната на „Е-книги на Македонски“ и читателите кај нас се заинтересирани за електронските изданија. Можеби најголем дел од читателите се заинтересирани за бесплатни книги, што се гледа и од прашањата по речиси сите форуми, но за жал и недостатокот на е-книги на македонски не дозволува да се критикуваат единствено читателите.

Анкетите покажуваат дека во светот читателите кои користат е-читачи читаат речиси два пати повеќе книги. Се чини дека бројот на читатели кои користат таблет, е-читач или телефон за читање расте и кај нас. Најголем број од нив или сметаат дека книгите е подобро да се читаат на јазикот на кој се напишани, но не е мал бројот на читатели кои се жалат на квалитетот на преводот.

За жал, книжарите кај нас не одговараат на побарувањата на читателите, па тие се принудени да го бараат книгите кај поснабдените продавници како Amazon или Apple iTunes, но и бесплатните Project Gutenberg, Free ebooks или Open Culture. Единствена македонска продавница која успеавме да ја пронајдеме и нуди е-книги е Блесок, продавницата во моментов има попуст по повод саемот на книгата, а предност е што книгите може да ги нарачате и од дома. Е-книги на македонски има значителна библиотека иако најверојатно дел од нив без авторски права.

Конечно дел од книжарите имаат сериозен проблем и со препознавање на времето во кое ги продаваат своите книги. Со чест на исклучоците, но многу малку работи се променети од пред повеќе од една година, кога македонските книжарии кои нудат онлајн продажба можеа да се избројат на една рака.

 

1 коментар на “Читате ли е-книги? Тука може да најдете електронски изданија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии