Читајте вести според географска локација

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Сакате да дознаете што се случува во Парис, Њујорк, Токио или некој друг град во светот за кратко време? Читањето на вести (засега овозможени само од New York Times) според географска локација е најновото нешто во Google Earth и Google Maps и вчера беше претставено на официјалниот блог на Google за овие две апликации.

Во соработка со NYT, најпопуларниот весник во светот, Google продолжува со своите иновативни идеи. Гео-кодирани вести преку платформата на Google Earth во 3D прелистувач обновувани во реално време ќе ви го пружат задоволството да бидете информирани, да уживате и во исто време да се "шетате" виртуелно низ светот.
{mosimage}
Оваа услуга е достапна доколку ја превземете најновата верзија на Google Earth и ја вклучите опцијата "Geographic Web". За да ги читате вестите се што треба да направите е да кликнете на New York Times иконата и ќе ги видите последните вести за тој географски регион, додека со кликнување на "Show This Layer" копчето ќе ги добиете случувања во последниот месец за тој регион.

Во моментов на пишување на овој текст се обидов да го искористам Google Earth и да ја активирам оваа опција за Македонија и Балканот, но веројатно немаше никакви новости за регионот од NYT па затоа неможев да видам ништо, додека на територија на САД можеше да се пронајдат многу наслови од весникот.

Претставникот на Google, Кејт Хуровитз, на прес конференцијата изјави дека компанијата е отворена за соработка и партнерство со други медиумски куќи кои објавуваат вести од светот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии