Читајте коментари додека гледате YouTube видеа

Колку пати сте се нашле во ситуација да пуштите некое YouTube видео и за време на видеото да се упатите накај коментарите за да се информирате за мислењето на вашите (не)истомисленици? Колку пати сте помислиле колку би било убаво да можете да ги читате коментарите додека ѕиркате накај видеото? Comment Mode ви го дозволува токму тоа.

Оваа екстензија за Google Chrome ви дозволува паралелно читање коментари и гледање на видеото така што го поставува одделот со коментарите на горната страна. Сè што треба да направите по преземање и активирање на екстензијата е да кликнете на соодветната икона која станува пропратна со секое видео, и коментарите ќе се појават од левата страна. Во моментот, ваквото нешто не е возможно кога гледате одредено видео на цел екран, а некои корисници изразија жалење и за тоа што коментарите се секогаш на лева страна, но, според авторите, ова се само привремени недостатоци кои не би требало да ги спречат мултитаскинг фанатиците во паралелното впивање видео и текстуални информации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии