Читајте гејминг вести од новиот News Hub на Steam

Steam е неверојатно комплексна платформа со изобилство од опции за гејмерите. Една таква алатка е и News Hub, место преку кое можете да читате најразлични вести за вашите (омилени) игри. Најновата верзија на News Hub излегува официјално за сите по неколку месечно усовршување преку Steam Labs.

News Hub е моќна платформа за вести која ја прилагодувате во зависност од вашите интереси. Преку целосно нов дизајн, имате на располагање бројни филтри за да ви се сервираат вести поврзани со игри на вашата wish-листа, за игри кои веќе ги имате, или за игри и постови за кои сте заинтересирани, како постови за распродажби или тазе ажурирани наслови.

Дефинитивно кликнете на копчето News Curators, од Discover, за да откриете бројни други сајтови кои специјализираат во пишување вести и да започнете со нивно следење. Вестите се одлично следат и преку апликацијата за мобилен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии