Читајте бесплатни македонски книги со Maкедоника

За сите оние кои имаат слободно време и не сакаат ништо повеќе отколку да го пополнат со добра македонска книга, ви препорачуваме да го проверите веб сајтот и апликацијата Македоника.

По кратката регистрација, добивате пристап до огромна библиотека од е-книги. Книгите се на македонски јазик и топло се препорачуваат и на учениците и на возрасните читатели. Имено, преку е-библиотеката да се најдат ем лектири за основно и средно ем популарни современи дела од нови автори.

Одделот Книготека, ви стои на располагање за пристап до најновите книги, а лесно можете да ги подредите делата и според најстари книги, најчитани, по автор, или азбучен редослед. Левата страна е резервирана за најразлични жанрови како поезија, лектира, биографија. Можете да одберете да се прикажуваат книги само од еден или комбинација од повеќе жанрови.

Секојпат кога ќе наидете на книга која ќе ви го привлече вниманието, можете да кликнете на неа и преку ново-отворениот прозорец да прочитате краток опис, како и да ја лајкнете или споделите со вашите пријатели. Со кликнување на Додај во мои книги, книгата станува дел од вашата лична библиотека и може да започнете со читањето.

При читањето на книгите, можете да ја прилагодувате големина, изгледот и бојата на фонтот, но и на самата позадина, нешто што знае да биде корисно при ноќното читање. Паралелно со ова, можете да избирате различни маргини како и дали да биде приказот едностран или двостран. Како си играте со опциите, така добивате директен увид во промените преку долното поле.

Во кој било момент, можете да ја отворите листата со содржини во книгата, како и да поставувате обележувачи. Читањето преку прелистувачот воопшто не е проблем затоа што целосниот формат одлично се прилагодува со менување на големината на прозорецот. На слично искуство наидовме и при користење на апликацијата за андроид иако, гледајќи ја средната оценка од 3.8, заснована од 535 рецензии, лесно се создава перцепција дека не е така. Дел од корисниците се жалат дека верзијата на апликацијата или не е компатибилна со верзијата на нивниот Android систем или пак дека имаат проблеми при логирање во системот. Единствена забелешка која ние ја имаме кон целата платформа е сервирањето реклами кое иако не е премногу наметливо, сепак знае да го намали севкупниот впечаток. Меѓутоа, со оглед на тоа дека бројните книги се целосно бесплатни и имаат флексибилни можности за читање, рекламите се цена која со задоволство ја плаќаме.

2 коментари на “Читајте бесплатни македонски книги со Maкедоника

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии