#ЧистоМиЕ – нова функционалност во МојВоздух

МојВоздух наскоро добива нова функционалност #ЧистоМиЕ. Функцијата овозможува граѓаните сами да си одлучат дали воздухот е чист, а со тоа автоматски се филтрира целото загадување. Со едно притискање на копче задоволните корисници ќе можат да покажат дека апликацијата лаже, и дека воздухот воопшто не е загаден. Функционалноста доаѓа на барање на корисниците кои долго време се сомневаат дека воздухот во Македонија всушност е чист, а апликацијата само непотребно шири паника! Благодарение на #ЧистоМиЕ корисникот сега ќе може да ги смири и останатите корисници, а секако и самиот ќе биде поспокоен.

Со ова се чини Горјан и самиот признава дека е вмешан во глобалниот заговор со кој за ширење паника и продавање на прочистувачи на воздух се шират вести за алармантно високо загадување. ИТ.МК го контактираше г. Јовановски, за жал засега без реакција…

 

P.S.

Априлилили….. 🤡

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии