Четврти повик за финансирање на проекти од Фондот за иновации и технолошки развој

Image courtesy of FITR

Надополнето 4 февруари 10:26

Фондот за иновации и технолошки развој организира отворен ден за сите кои се заинтресирани за учество. Настанот се одржува на 06.02.2017 во контакт центарот на Фондот за иновации и технолошки развој на рекорд, од 09:00-16:00.

Сите заинтересирани треба да се пријават на:
https://www.facebook.com/events/1261905183845289/


Од 2015 до денес ФИТР инвестираше и поддржа 37 компании. Во овие стартапи се инвестирани 1.5 милиони евра. Досега од овие 37 компании, 9 успешно ги завршија проектите поддржани од фондот. Овие девет компании се: Марси Електросистеми; Vapour Apps; Clicon; Smartech; Хас инженеринг; Дарис инженеринг; Esenso; PrymApps и Embed Social.

За сите потребни податоци и правила за пријавување во четвртата рунда на финансирање посетете ја страницата на фондот.

Во продолжение целиот текст од поканата за финансирање на проекти.


Објавување на четврт повик за финансирање на проекти

 

Фондот за иновации и технолошки развој го објавува отварањето на четвртиот повик за поднесување предлог-проекти под:

  1.  Инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“
  2. Инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации

Четвртиот повик на Фондот за поднесување предлог проекти ќе биде отворен на 03.02.2017 година со времетраење од 90 дена, до 03.05.2017 година. За финансирање проекти под овој повик за инструментот кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ обезбеден е вкупен износ од 450.000 (четиристотини и педесет илјади) евра, односно 27.762.345 (дваесет и седум милиони, седумстотини шеесет и две илјади, триста четириесет и пет) денари, наменети за 15 старт-ап или спин-оф претпријатија, додека за Инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации обезбеден е вкупен износ од 1.000.000.000 (еден милион) евра, односно 61.694.100 (шеесет и еден милион, шестотини деведесет и четири илјади и сто) денари, наменети за 10 претпријатија.

Сите заинтересирани можат да ги поднесат предлог-проектите (уредно пополнети обрасци и дополнителна документација) во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk заклучно со 03.05.2017 година (00:00 часот).

# # #

Инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ има за цел да го поттикне нивото на иновативност кај новооснованите претпријатија преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој. Грантот се очекува да ја поттикне културата на преземање на ризик и иновација, да обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга како и да поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања настанати во високо-образовните односно научноистражувачките установи. Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза. Јавниот повик се однесува на кофинансирање најмногу до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

Инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации има за цел да поттикне зголемување на истражувањето и развојот во приватниот сектор, да ја охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научни установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации. Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се до пред комерцијална (предпазарна) фаза. Јавниот повик се однесува на кофинансирање најмногу до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 (сто илјади) евра. Преостанатите 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот. Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија што сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност.

Условите за аплицирање, обрасците за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог проектите се детално образложени во целосниот текст на повикот достапен на веб-страницата на Фондот за иновации и технолошки развој: www.fitr.mk

1 коментар на “Четврти повик за финансирање на проекти од Фондот за иновации и технолошки развој

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии